Здравје

Користењето канабис предизвикува шизофренија

 

Се проценува дека 200 милиони луѓе ширум светот користат канабис. Покрај алкохолот и тутунот, тој е најкористената дрога во многу земји. Но, иако многумина повеќе не го гледаат канабисот како штетна супстанца, има многу работи кои експертите сè уште не ги знаат за него. Истражувачите уште од 60-тите години на минатиот век ја истражуваат врската помеѓу употребата на канабис и шизофренијата. Оттогаш, истражувањата потврдија дека постои врска помеѓу користењето канабис и зголемениот ризик за развој на шизофренија.

Досега, повеќето докази сугерираат дека каква било врска помеѓу канабисот и развивањето на шизофренија се должи на неговата честа употреба во високи дози или дека генетската предиспозиција може да биде фактор, како и семејната историја на шизофренија. Но, неодамнешниот систематски преглед на резултатите покажува дека и луѓето кои користат канабис ретко и оние кои го користат често се подеднакво подложни на развој на шизофренија.

За подобро да разберат дали честата употреба на канабис го зголемува ризикот кај адолесцентите, истражувачите ги разгледаа сите материјали објавени на оваа тема помеѓу 2010 и 2020 година. Тие се фокусираа на истражувања кои опфаќаат адолесценти на возраст помеѓу 12 и 18 години. Откриле дека и кај корисниците на канабис со висока и кај тие со ниска фреквенција имало шест пати поголеми шанси да развијат шизофренија во споредба со оние кои никогаш не користеле канабис.

Ретката употреба била дефинирана како двапати неделно или помалку, додека честата употреба била дефинирана како секојдневна или речиси секојдневна употреба. Но, иако ја потврдиле врската помеѓу употребата на канабис и шизофренијата, оваа студија сè уште има некои ограничувања. Едно од нив е начинот на дефинирање на употребата на канабис со ниска и висока фреквенција. Дефиницијата за ретко и често од една до друга студија варира, што ги отежнува споредбите.

Како и со другите дроги, канабисот исто така варира во потенцијалот – колку е посилен, толку е поголем ризикот лицето да развие проблеми како што е шизофренијата, дури и ако нивната употреба не е многу честа. Ова прегледот не го земал предвид. Иако можеме јасно да видиме дека постои поврзаност помеѓу употребата на канабис и шизофренијата кај младите луѓе, сè уште не можеме да бидеме сигурни дека канабисот го предизвикува тоа. Истражувачите сè уште имаат многу прашања да одговорат.

Адолесценцијата и раната зрелост се најчестите периоди во кои луѓето развиваат шизофренија. Иако може да се појави на која било возраст, во просек поголема е тенденцијата тоа да се случи во доцните тинејџерски и раните 20-ти години кај мажите, и доцните 20-ти и раните 30-ти кај жените. Адолесценцијата е исто така период кога многу млади луѓе почнуваат да експериментираат со дрога, вклучително и со канабис. Ова ги отежнува напорите јасно да се види дали употребата на канабис предизвикува кај младите луѓе развој на шизофренија.

Некои истражувања, исто така, сугерираат дека веројатноста да користат канабис е повисока кај луѓето кои имаат поголема генетска предиспозиција за развој на шизофренија. Но, повторно, оваа студија сè уште не може дефинитивно да потврди дека употребата на канабис предизвикува шизофренија. Покажува само дека овие два фактора се поврзани. Другиот проблем е тоа што не може однапред да се предвиди кои корисници на канабис ќе развијат (меѓу другото) и шизофренија.

Ова го отежнува испраќањето пораки за јавно здравје. Младите можеби не сакаат да внимаваат на предупредувањата за ризиците, особено ако веќе имале позитивно искуство со канабисот. Инциденцата на шизофренија кај општата популација е околу 1 на 300 луѓе, додека оние кои користат канабис имаат најмалку трипати поголем ризик од развој на шизофренија, што значи ризикот кај нив изнесува приближно 1 на 100.

Иако сè уште не можеме да бидеме апсолутно сигурни дека канабисот предизвикува шизофренија, јасно можеме да видиме дека употребата носи поголем ризик. И, оваа најнова студија ни покажува дека и ретката и честата употреба на канабис носат ист ризик. Иако перцепциите за безбедноста на канабисот се сменија во последниве години, особено поради тоа што многу земји го легализираа за употреба, сè уште е важно луѓето внимателно да размислат за нивните ризици пред да почнат да користат канабис. Ова особено важи за младите луѓе кои можеби веќе доживуваат рани знаци на проблеми со менталното здравје, бидејќи канабисот може да ги влоши.

Слични написи

Полови болести можат да се добијат и без секс

Biba

Неколку причини зошто треба да почнете со станување во 5 часот наутро

dart

Како да ја победите главоболката за само две минути

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.