Морската сол во својот состав има дури 80 елементи кои делуваат благотворно на здравјето, а се многу корисни и за убава коса и кожа.
Морската сол го подобрува имунитетот, па телото станува поотпорно на некои автоимуни болести како што се грипот, алергиите и слично.
За намалување на високиот холестерол се препорачува секој ден да се испие чаша вода во која е растворено мало количество морска сол. На овој начин и крвниот притисок се држи под контрола, а се намалува и тахикардијата.
Истражувањата покажуваат дека и некои болести како дијабетесот можат да се третираат со морска сол, затоа што го намалува нивото на шеќер во крвта. Освен тоа, оваа сол помага и да се избегне остеопорозата, која посебно ги погодува жените во менопауза.
Во време на настинки и грипови, морската сол се користи за системот за дишење затоа што ја опоравува слузницата и делува антибактериски. Со неа се прават топли инхалации и се гаргара грлото за да се направи дезинфекција или во случај да има болка и воспаление.
Научниците докажале дека морската сол ја чисти крвта на природен начин.
Извлекува бројни токсини од телото, па како резултат на тоа се добива мека и здрава кожа. Купките со морска сол го подобруваат изгледот на кожата. Освен тоа, солената вода го поттикнува излачувањето на вишокот вода од кожата, така што таа станува поцврста и позатегната.
Морската сол може да помогне и ако имате мрсна коса. Ќе го впие вишокот масти и ќе ја направи косата мазна и убава, го храни фоликулот на влакното и ѝ дава волумен на косата.