Здравје

Колку се штетни газираните сокови

 

Во денешно време тешко е да се замисли дека некој не слушнал за кока-кола или за фанта, особено помеѓу помладата популација. И покрај апелите на здравствените стручњаци за штетноста на газираните пијалаци нивната потрошувачка не опаѓа, а компаниите кои ги произведуваат и понатаму агресивно се рекламираат во сите видови медиуми.

Да видиме зашто е важно да се избегнуваат газираните напитоци.

  • Дневна доза на шеќер. Со конзумирање на газирани пијалаци внесуваме 10 лажички шеќер во организмот што е многу повеќе од максимално дозволените 6 до 7.
  • Вишок на калории т.е. дебелина. Различни студии покажуваат дека секојдневното консумирање на газирани напитоци, особено оние кои се означени како диетални или со 0 % шеќер, доведува до зголемена телесна тежина, што во последните години особено е изразено кај децата. Дебелината подоцна во животот предизвикува многу здравствени проблеми.
  • Недостаток на витамини, минерали и други хранливи материи. Честото пиење газирани сокови на штета на млекото, водата и природните сокови, доведува до недостаток на витамини, калциум и магнезиум, материи кои му се многу потребни на организмот кој се развива. Газираните сокови содржат и фосфорна киселина која дополнително ги троши хранливите материи од организмот. Високите количини на шеќер и вештачки засладувачи го зголемуваат излачувањето на калциумот преку урината.
  • Кофеин. Го содржат сите газирани сокови а знаеме дека преголема доза на кофеин предизвикува тахикардија, висок крвен притисок, несоница и немир.
  • Шеќерна болест (дијабетес). Дебелината како резултат на пречесто пиење на газирани сокови може да доведе до шеќерна болест или дијабетес и тоа тип 2, кој е исклучително опасен. Фруктозниот сируп од пченка кој содржи многу слободни радикали кои ги оштетуваат ткивата и можат да влијаат на развојот на дијабетес, е исто така составен дел од газираните сокови.
  • Камчиња во бубрезите. Истражувања во САД покажале дека прекумерно пиење на газирани сокови го зголемува ризикот од создавање на камчиња во бубрезите.
  • Остеопороза. Содата, како еден од главните составни делови на газираниот сок, е еден од главните виновници за создавање на остеопороза. Истражувањата велат дека од оваа болест се особено погодени жените во зрелото доба.
  • Киселини. Прекумерно пиење на газирани сокови доведува до хроничнo создавање на киселини во желудникот и слабеење на имунитетот.
  • Аспартам (отровен шеќер). Многу опасна материја која се додава на газираните напитоци, а може да предизвика тешки заболувања како мултиплекс склероза, Алцхајмерова болест, епилепсија, мозочни тумори и др.
  • Оштетени заби. Прекумерно пиење на газирани сокови ги расипува забите и непцето го прави подложно на инфекции и заболувања.

 

Можеби ќе ве интересира

Дали КЕТО диетата може да помогне во борба против ракот на јајници

admin

Зошто боли стомакот после удар во тестиси?

Biba

Фотофобија – осетливост на светлина

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.