Идеален годишен одмор е оној после кој човек е толку одморен и задоволен што сака да се врати на работа и на своите редовни активности. Во случајот на жените, на тоа треба да се додаде и дека барем тие десет дена на одмор или пред некој важен ден нема да добие циклус. Токму во летниот период жените често сакаат да го одложат циклусот и да се препуштат на уживањето во заслужениот одмор, без да се грижат дали ќе мора да поминат неколку дена во шорцеви под чадор. Најлесен начин за тоа се апчињата кои го одложуваат циклусот или контрацептивни апчиња. Пред да отидете во аптека да ги набавите, поставете си го прашањето – колку се безбедни овие таблети и дали секоја жена може да ги користи?
- Апчиња за одложување на менструалниот циклус
Како функционираат?
Овие таблети содржат синтетичка форма на женскиот полов хормон прогестерон. Вишокот на овој хормон во телото доведува до доцнење на овулацијата, а со тоа и на циклусот. Таблетите се земаат најмалку 3 дена пред очекуваниот период, два пати на ден и се користат онолку денови колку што сакате да ја одложите менструацијата, но не подолго од 14 дена. Менструацијата ќе се појави за неколку дена по прекинот на таблетките.
Колку се безбедни?
Искуствата со овие апчиња се главно позитивни, а најчестите несакани ефекти се пообилни менструации, главоболки или стегање во градите. Треба да се запомни и дека секој организам реагира на свој начин. Како и секој лек, овие таблети може да имаат свои контраиндикации и да имаат интеракција со некои лекови. Посебна претпазливост е потребна кај жени над 35 години, пушачи, како и кај лица со хипертензија и тромбоза. Важно е да се знае дека овие таблети немаат контрацептивен ефект.
Колку е загарантиран ефектот?
Мал број жени можат да се пофалат дека менструалниот циклус им е секогаш точен на 28 дена. Исто така, постојат бројни фактори (како што се стресот, употребата на лекови, па дури и самото патување) кои можат да влијаат на почетокот на циклусот. Токму затоа може да се случи таблетите да не се почнат на време и сепак да започне менструалниот циклус. Ако мислите ни талкаат на одмор и заборавиме да ја земеме таблетата на време и ја прескокнеме, ефективноста може да се намали.
- Контрацептивни апчиња за одложување на менструацијата
Како функционираат?
Постојат два типа на контрацептивни таблети со 21 таблета, кои содржат хормонална супстанца (т.н. активни таблети) и 7 неактивни таблети кои претежно содржат витамини (т.н. плацебо апчиња). Ако сакате да го одложите циклусот, во тој случај ја прескокнувате употребата на неактивни таблети, но започнувате со ново пакување без пауза. Вториот тип се апчиња кои содржат само активни таблети и се земаат без пауза додека не помине периодот за кој сакаме да го одложиме циклусот. После тоа, треба да престанете да користите апчиња (или да земате неактивни таблети), а циклусот се очекува во следната недела. По 7 дена, продолжете со вообичаената употреба на апчиња. Како несакани реакции кои можат да се појават во овој случај се дамкаво крвавење, напнатост во градите, благи болки во долниот дел на стомакот.
Одложувањето на менструалниот циклус не треба да биде редовна практика. Иако за повеќето жени не е опасно, имајќи предвид дека се работи за хормонски препарати, секогаш прво треба да се консултирате со вашиот гинеколог. Доколку не ви се допаѓа оваа идеја, секогаш можете да се опуштите, да пливате и да го искористите летото како што сакате, со соодветни хигиенски мерки.