Љубов и секс

Колку пати дневно жените помислуваат на секс

Според бројни истражувања спроведени низ светот, жените помислуваат на секс во текот на денот многу повеќе отколку што признаваат. Поголемиот дел од нив велат дека воопшто не мислат, а останатите – дека понекогаш им се случува да помислат, што е далеку од вистината.

Последното истражување спроведено од Illicit Encounters, страница за запознавање, вели дека жените во текот на денот помислуваат на секс на секоја 51 минута. Ако се земе предвид дека 8 часа во денот спијат, тогаш добиваме резултат од 18 пати дневно.

За разлика од нив, мажите помислуваат на секс на секои 28 минути, што е двапати повеќе.

Според истото истражување, 59% од жените замислуваат секс со бившиот партнер, а кај мажите тој процент е 49%.

Истото истражување покажува дека и мажите и жените мислат на секс многу повеќе од порано, а и тоа дека стереотипот за мажите и нивното почесто помислување на секс е точен.

Слични написи

За што не смеете да зборувате за време на секс-игрите

admin

Размена на партнери – начин како да ја зачините страста

dart

Љубов или страст

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.