Здравје

Колку е безбедно да се изеде храна што паднала на под

 

Сите сме слушнале за правилото на 5 секунди – дека ако храната што ни паднала на под ја подигнеме во рок од 5 секунди, тогаш е безбедна за јадење.

Тоа правило се поврзува со студентката Џилијан Кларк од Универзитетот во Илиноис, која учествувала во истражување поврзано со бактериите во храна. Таа поставила парчиња од храна на плочките од подот и ги држела одреден временски период за да утврди дали бактериите ќе се залепат на храната. Резултатите што ги добила покажале дека количината на бактерии што се залепиле на храната не зависела од времето кое го поминале на подот туку од површината што била изложена на бактериите.

Истото истражување покажало и дека не е исто на каква површина паднала храната. На пример, доколку храната падне на тепих ќе се залепат помалку бактерии, отколку ако падне на плочки или на дрвен под. Се верува дека мазните површини се полоши кога станува збор за бактериите.

Некои научници сметаат и дека зависи и од тоа за каков тип на храна станува збор. Логично е лепливата храна полесно да ги залепи бактериите од сувата храна.

Сепак, поголемиот број луѓе – што е добро – после паѓањето на храната на под ја фрлаат и воопшто не размислуваат за правилото од 5 секунди.

 

Слични написи

Кондомот заштитува од сексуално преносливи болести и забременување, но и ја одржува вагината здрава

Biba

Постапка при убод од пчела, доколку сте алергични

admin

Испрекинатиот сон го зголемува ризикот од дијабетес

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.