Потребни состојки:
1 компир исечкан на коцки
350 г боранија
1 главица брокула разделена на цветчиња
2 големи пиперки исечкани на залчиња
260 г колбаси исечкани на тркалца
6 лажици маслиново масло
1/4 лажичка буковец
1 лажичка мелен црвен пипер
1/2 лажичка лук во прав
1 лажица оригано
1 лажица сув магдонос
1/4 лажичка сол
1/4 лажичка бибер
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
- Голема тепсија обложете со алуминиумска фолија.
- Наредете го исечканиот зеленчукот заедно со колбасите на фолијата и распоредете го подеднакво низ тепсијата.
- Одозгора сипете го маслиновото масло и сите зачини. Измешајте ги зеленчукот и колбасите да се покријат со масло и со зачини.
- Печете 15 минути, потоа измешајте го зеленчукот да се испече од сите страни и вратете ја тепсијата уште 10-15 минути во шпорет, додека колбасите и зеленчукот да се допечат.
- По желба, одозгора изрендајте пармезан, декорирајте го јадењето со свеж магдонос и послужете го топло со прилог од ориз.
На здравје!