Потребни состојки:
70 г путер на собна температура
120 г шеќер
2 јајца
140 г брашно
1 лажичка прашок за пециво
ситно изрендана кора од 1 лимон
50 мл млеко
За преливот:
30 г шеќер
сок од 1 лимон
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
- Путерот и шеќерот изматете ги со миксер да добиете пенеста смеса. Додајте ги јајцата и повторно изматете. Потоа во смесата ставете ги брашното, прашокот за пециво, кората од лимон и млекото, и измешајте со дрвена лажица да се изедначат состојките.
- Истурете ја смесата во тавче обложено со хартија за печење и печете 25-30 минути.
- Потоа лимоновиот сок измешајте го со шеќерот. Овој прелив излејте го врз колачето додека е сè уште топло. Послужете го колачето откако целосно ќе се олади. Можете да го декорирате со ситно изрендана кора од лимон.
На здравје!