Гастрономија

Колаче со кајсии

 

Потребни состојки:

700-800 г кајсии

3 јајца

2 чаши шеќер

1 (неполна) чаша зејтин

1 чаша млеко

3 чаши брашно

1 ванилин шеќер

1 прашок за печиво

гриз за посипување

Кајсиите може да ги замените со друго овошје или со мармалад по ваш избор.

Начин на подготовка:

  1. Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот, да станат густи и пенести.
  2. Потоа едно по едно со непрекинато матење додавајте ги зејтинот, млекото, ванилиниот шеќер и брашното измешано со прашокот за печиво.
  3. Половина од смесата истурете ја во намастено и набрашнето тавче и печете ја во рерна загреана на 170 степени Целзиусови.
  4. Кајсиите измиени, исчистени од семките и суви, исечкајте ги на парчиња по ваш избор, поситно или покрупно. Ако немате свежи, може да ставите и од компот, само претходно оставете ги убаво да се исцедат од водата.
  5. Кога ќе се испече првата половина од тестото извадете ја од рерна, посипете ја со гриз (за да го впие вишокот на течности од овошјето) и одозгора наредете ги кајсиите подеднакво врз пандишпанот. По желба врз овошјето може да посипете шеќер.
  6. Врз кајсиите истурете ја рамномерно втората половина од пандишпанот и ставете го колачето да се допече уште десетина минути.
  7. Кога ќе биде готово извадете го од рерна и додека е топло посипете го со шеќер во прав. Сервирајте го откако целосно ќе се олади.

На здравје!

 

Слични написи

Динстани тиквички со кромид

Biba

Домашен сладолед со праски

Biba

Алкохолен десерт: Направете розеви гумени бонбони

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.