Колаче со врело млеко

 

Потребни состојки:

1/2 чаша путер

1 чаша млеко

2 лажички екстракт од ванила

4 јајца (на собна температура)

2 чаши шеќер

2 чаши брашно

2 лажички прашок за печиво

1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Во тавче на ниска температура стопете го путерот. Додајте ги млекото и ванилата и мешајте додека смесата да се сврели, но да не зоврие. Намалете ја температурата уште малку.
  2. Во друг сад изматете ги јајцата со шеќерот, а кога смесата ќе се згусти во неа полека сипете го врелото млеко и мешајте со миксерот на ниска брзина.
  3. Брашното, прашокот за печиво и солта измешајте ги заедно. Откако смесата со јајца и млеко ќе стане еднолична, додајте ги сувите состојки.
  4. Кога ќе добиете конзистентна смеса, истурете ја во тавче кое претходно сте го намастиле и набрашниле и печете го колачето во рерна загреана на 160 степени Целзиусови околу еден час. Откако тестот со чепкалка ќе покаже дека е испечено, извадете го и оставете го да се олади.
  5. Колачето сервирајте го декорирано со шеќер во прав, шлаг или свежо овошје, по ваш избор.

На здравје!

 

Don`t copy text!