Потребни состојки:
3/4 чаша омекнат путер или маргарин
1 1/2 чаша шеќер
3 јајца
1 лажичка екстракт од ванила
3/4 чаша кисело млеко или павлака
1 чаша испасирани банани (со виљушка)
2 1/2 чаши брашно
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка сода бикарбона
1 лажичка прашок за печиво
Начин на подготовка:
- Во поголем сад измешајте ги заедно путерот, шеќерот, јајцата и ванилата.
- Во друг сад просејте ги заедно брашното, солта, содата и прашокот за печиво. Овие суви состојки додајте ги во првиот сад и измешајте. Додајте ги киселото млеко и бананите и убаво измешајте ја целата смеса со жица за матење или со миксер.
- Смесата сипете ја во намастено и набрашнето тавче и печете на температура од 180 степени Целзиусови 30-40 минути или додека да се испече тестото (пробајте со чепкалка дали е готово).
- Колачето сервирајте го декорирано со шеќер во прав или направете крем, пудинг или глазура по ваш вкус, во кој ќе измешате испасирана банана.
На здравје!