Сите познаваме некого кој може да јаде што сè што сака и колку што сака без притоа да се здебели. Без разлика дали се работи за чиста среќа или за добри гени, некои луѓе едноставно имаат побрз метаболизам од другите. Меѓутоа, тоа не значи дека вашиот метаболизам има нешто против вас или дека зависите од добрата волја на судбината.
И вие можете да направите вашиот метаболизам да работи за вас, а еден од најдобрите начини за тоа е – преку исхраната. Фитнес експертот Сем Вуд oткрива кои намирници се најдобри, а кои најлоши, кога се работи за брзиот метаболизам.
Намирници кои го успоруваат метаболизмот
- Шеќер
Шеќерот е еден од главните виновници за бавниот метаболизам. “Кога јадеме благо, нивото на шеќер во крвта се зголемува, а со тоа растат и нивоата на кортизол и инсулин за да воспостават баланс во организмот. Тоа може да ја наруши нормалната работа на телото и на хормоните кои треба да бидат во хармонија, за оптимално да функционира и метаболизмот”, вели тој.
- Преработени јаглехидрати
Овој тип намирници се однесува на преработената и пакувана храна, како што се белиот леб и тестенините. Исто како и шеќерот, и јаглените хидрати се разложуваат премногу брзо и го покачуваат нивото на инсулин.
- Премногу месо
Месото е одличен извор на протеини и помага да останеме подолго време сити. Но, премногу месо не е добро за метаболизмот. Кога внесуваме месо дигестијата на храната се забавува, затоа се препорачува црвено месо да се јаде еднаш до двапати неделно, а пилешко до петпати неделно.
- Преработена храна
Освен што е богата со калории, процесираната храна содржат многу малку хранливи состојки, а во себе неретко крие и шеќери и заситени масти.
Намирници кои го забрзуваат метаболизмот
- Свежи намирници
Свежите намирници во нивната природна состојба го забрзуваат метаболизмот терајќи го да ги разложува влакната, масните киселини, аминокиселините и другите важни нутриенти. Оваа група намирници се состои од намирници од цело зрно, полномасни млечни производи, јаткасто овошје, зеленчук и легуминози.
- Влакна
Хранливите влакна го забрзуваат метаболизмот, бидејќи на организмот му е потешко да ги разложи. Тоа е добар процес кој го тера телото побавно да ја вари храната и притоа да согорува повеќе калории. Храна богата со растителни влакна: житарки од цело зрно, брокула, кељ, јаболки, малини и други.
- Здрави масти
Исто како и растителните влакна, и здравите масти побавно се разложуваат, а тоа значи дека подолго ќе бидете сити. Вклучете во исхраната намирници богати со омега-3 масни киселини како маслиново масло, јаткасти плодови, семиња, авокадо, кокосово масло, како и заситени масти како што е полномасното сирење.
- Вода
Водата не е храна, но е неизоставна и клучна компонента ако сакате да го забрзате вашиот метаболизам. Дневно внесувајте 2-3 литри чиста вода, а денот започнете го голема чаша вода за да го активирате метаболизмот.