Паровите што се во брак често се прашуваат зашто немаат секс онолку колку што би сакале. Причината е, можеби, во лошиот тајминг.
Истражувањата покажуваат дека либидото кај жените и мажите расте во различни периоди во денот. Жените имаат поголема сексуaлна желба кон крајот на денот, додека мажите се сексуално најактивни во текот на утрата, најчесто при будењето.
Податоците велат дека паровите се најчесто сексуално активни попладне и навечер, што оди во прилог на жените.
Научниците се со генерален став дека сексот навечер и не е баш наклонет на организмот. Во тој период телото е заморено и полека се гаси, се подготвува за одмор.
Сексуалните терапевти, пак, се со спротивно тврдење и велат дека баш вечерта е најдоброто време за секс, бидејќи по напорниот ден партнерите најдобро ќе се релаксираат и опуштат токму во тоа време.
Од медицински аспект, утринскиот секс се смета за најповолен, бидејќи наутро хормоните се на највисоко ниво, телото е одморено и полно со енергија. Освен тоа, ако го започнете денот со секс, активностите што ви претстојат ќе ги извршувате полесно и со помалку стрес. Разгледувајќи ги сите аспекти наведени од истражувачите, се добива впечаток дека времето за добар и редовен секс ќе си го усогласите заедно со партнерот и во зависност од вашите можности и желби.
Кога и да го практикувате, ќе имате бенефит и за вашата психа и за вашето тело.