Љубов и секс

Кога девојката едно кажува, а друго мисли

Колку и да сте добри заводници, тоа не значи дека баш секогаш и со секоја девојка ќе имате успех. Девојките знаат многу суптилно да ви дадат до знаење дека не се заинтересирани, само ако знаете правилно да ги „прочитате“ нивните пораки. Еве неколку примери кои ќе ви помогнат да сфатите кога некоја девојка, всушност, ве одбива: 

  • Ти си ми како брат. Ме потсетуваш на тој идиотот со којшто седев во училишна клупа.
  • Разликата во години помеѓу нас е мала. Како дедо си стар.
  • Не ме привлекуваш на „тој“ начин. Ти си најгрдото нешто што сум го видела.
  • Моментално животот ми е во хаос. Не сакам постојано да бидеш со мене за да не ги слушаш повиците од другите момчиња.
  • Имам момче. Тоа е, всушност, мојата мачка и шише вино.
  • Не сакам да се впуштам во врска со колега. Бегај бре, не би била со тебе дури и да си последен на планетава.
  • Не си ти крив, јас сум. Не сум јас виновна, туку ти си.
  • Во моментов размислувам само за кариерата. Дури и нешто толку досадно како мојата работа е подобро отколку да бидам со тебе.
  • Не размислувам сè уште за брак. Не сакам да имам ништо со луѓе како тебе.
  • Најдобро е да бидеме пријатели. Сакам да бидеш во моја близина за да ти раскажувам болни детали за мажите со кои се гледам.

Можеби ќе ве интересира

Зошто не треба да глумите оргазам

admin

Постојат ли повеќекратни оргазми надвор од порнофилмовите?

Biba

Врели игри во спалната со кои ќе ги истражите своите желби, мечти и фетиши

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.