Наука

Климатските промени и недостигот на пиво

Влијанието на климатските промени кои предизвикуваат суши и тотална промена на климата, директно влијаат на производството на пиво.

Зачестените топлотни бранови предизвикуваат суши, кои пак директно влијаат на производството на јачмен. Jачменот е многу осетлив на суша и високи температури. Доколку продолжи таквиот тренд на зголемување на температурата, а со тоа сè повеќе топлотни бранови што предизвикуваат суша, приносите на јачмен драстично ќе опаднат. Со самото тоа ќе се намали количината на основната состојка за производство на пиво. Од вкупното производство на јачмен, 16% се користи за производство на пиво, а остатокот е основа за исхрана на животните.

Истражувањата не велат дека ќе замре производството со намалување на приносите на јачмен заради климатските промени, туку дека заради намалување на приносите ќе се намали и процентот од вкупната количина на јачмен, кој ќе може да се одвои за производството на пиво, а со самото тоа ќе дојде до драстично зголемување на цената на пијалокот.

Според сценаријата што се симулирани, доколку дојде до најоптимистичното сценарио а тоа е пад на производството од 4%, ќе дојде до зголемување на пивото за 15%.

Од оваа ситуација најпогодени покрај европските земји се САД, Австралија и Нов Зеланд.

Најголеми извозници на јачмен се Австралија, Франција, Русија, Украина и Аргентина, а најголеми увозници на јачмен се Кина, Саудиска Арабија, Иран, Холандија, Белгија и Јапонија.

Слични написи

Град во Австралија на генијален начин се бори со загадувањето на водите

Biba

Научниците пронајдоа микропластика во месото, млекото и крвта на домашните животни

dart

Озонската обвивка се опоравува

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.