Технологија

Кинеската сонда Chang’E-4 се подготвува за слетување на Месечината

Кинеската вселенска сонда именувана по божицата на Месечината од кинеската митологија, се подготвува за слетување на другата страна од Земјиниот природен сателит.

Слетувањето се очекува да биде во четврток во кратерот Aitken кој го добил името во 1970 година по американскиот астронаут Robert Grant Aitken.

Chang’E-4 сондата носи семиња за експериментот на одгледување зеленчук во затворена околина на површината на Месечината. Опремена е со панорамска камера и мноштво сензори и уреди.

Поблиската страна на Месечината е посетувана во минатото и од Американците од 1969-1972 година и од Русите во 1976 година. По тој период, сè до 2013 година кога Кинезите ја пратија својата сонда Chang’E-3, немаше никаква активност поврзана со слетување на Земјиниот природен сателит.

Слични написи

Xiaomi го претстави новиот Mix Fold 2

dart

SpaceX објави анимација од лансирањето и пристигнувањето на Starship на Марс

dart

Роботските тенкови се новиот додаток на руската армија

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.