Сцена

Кејт Бланшет ги воодушеви фановите со својата трансформација

 

Славната австралиска актерка Кејт Бланшет се реши за трансформација на својот изглед и својата руса коса ја обои во костенлива нијанса. Фановите оваа промена ја дочекаа со воодушевување.

Бојата на својата коса Кејт ја смени заради улогата во претставата која ја игра во театарот. Можеби бојата на косата е само привремена, но сите се согласни дека прекрасно ѝ стои, и го нагласува порцеланскиот тен на лицето и нејзините очи.

Својот нов изглед Кејт Бланшет го претстави на доделувањето на наградите BAFTA во Лондон. Освен бојата на косата, Бланшет привлече внимание и со елегантниот црн фустан со раскошни детали на деколтето, од дизајнерот Кристофер Кејн.

 

Слични написи

Ангелот на Victoria’s secret Lais Ribeiro мами погледни на плажата Ipanema во Бразил

admin

Мадона шокираше со своето појавување на Греми наградите

dart

Шарлиз Терон е подготвена за нова љубов

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.