Кендал Џенер, една од сестрите Кардашијан, според Форбс е најплатениот модел во 2018 година. Таа оваа година успеала да заработи 22,5 милиони долари, со што ги престигна колешките Карли Клос и Жизел Бундхен.
Најголемиот дел од профитот на Кендал Џенер доаѓа од соработката со брендовите Adidas, Estée Lauder и Calvin Klein.
Иако таа е најплатениот модел, сепак не е најплатената во целото семејство Кардашијанови. Кајли со вртоглави 166,5 милиони долари е најплатената од сите сестри.
На второто место на листата на Форбс за најплатени модели е Карли Клос со 13 милиони долари, а третото место го делат Криси Тиген и Роузи Хантингтон со заработка од 11,5 милиони долари.