Потребни состојки:
1 чаша млеко
1/4 чаша карамел сос (дома направен или купечки)
1 лажичка кафеав шеќер
2 чаши сварено кафе (околу 450 мл)
шлаг или матена слатка павлака
Начин на подготовка:
- Во лонче на средна температура ставете го млекото, карамелот и кафеавиот шеќер. Оваа мешавина загревајте ја 4-5 минути со постојано мешање, додека да стане пенеста.
- Кафето направете го на вашиот омилен начин и сипете го во две чаши.
- Додајте ја подеднакво на двете места мешавината со млеко и измешајте.
- Во кафето додајте шлаг и одозгора декорирајте со карамел. Уживајте во вкусниот напиток.
На здравје!