И чајот и кафето имаат долготрајно позитивно влијание по здравјето, но и кај едното и кај другото мора да внимавате колку пиете, за да не не претерате со внесот на кофеин. Премногу кофеин во организмот навечер не се препорачува затоа што го нарушува природниот циклус на спиењето. Како да се решите што да се напиете?
Освен личната преференција, се разбира, следуваат неколку придобивки и од чајот и од кафето, кои ќе ви помогнат полесно да одлучите што да си направите.
Кафе – ќе ве разбуди, но исто така и дебелее
- Истражувањата покажуваат дека умереното пиење кафе (не се препорачуваат повеќе од 3 кафиња дневно) може да има долгорочни позитивни здравствени последици, како што се намален ризик од Алцхајмерова болест, намален ризик од Паркинсонова болест, влијае позитивно на кардиоваскуларниот систем така што, наводно, го намалува ризикот од мозочен удар
- Кафето ве прави поиздржливи ако го пиете пред вежбање. Но, може и да ве здебели ако често пиете кафиња кои се многу калорични и имаат повеќе шеќер отколку кофеин, како што е на пр. фрапучиното. По пиењето на некој од ваквите напитоци се чувствувате будно и енергично заради големата количина на шеќер која исто како и кофеинот, го подигнува нивото на енергија
- Кафето е богат извор на антиоксиданти кои спречуваат или успоруваат развој на болести предизвикани од слободните радикали. Заради тоа, некои научници веруваат дека антиоксидантите го намалуваат ризикот од рак. Освен тоа, кафето е и извор на калиум и на магнезиум
Чај – и кога сте здрави и кога сте болни
- Постојат билни чаеви и чаеви со кофеин, а зелениот и црниот чај ќе ве подготват за работниот ден кој е пред вас. Билниот чај е исто така и напиток кој утрото или вечерта ќе ви ги направи пријатни, а се користи и како помош за многу болести, т.е. за намалување на нивните симптоми
- Сите видови на чај се одлични за хидратација на кожата и воопшто на целиот организам. И чајот е полн со антиоксиданти кои влијаат на одржување на вашето здравје
- И покрај тоа што кафето ќе ви даде енергија за попродуктивно вежбање, чајот може да помогне и во слабеењето. На пример, зелениот чај ќе ви го забрза метаболизмот, а истовремено нема додатни состојки, така што е речиси без калории
- Во чајот има и флуорид кој помага при денталните проблеми, но претеран внес може да влијае на густината на коските