Катедралата Нотр Дам низ историјата

 

Средновековната катедрала Нотр Дам во Париз е скапоцен камен на готската архитектура. Низ својата бурна историја која трае скоро девет векови, симболот на Париз кој се издигнува над Сена, бил многу пати уништуван и сквернавен.

Изградбата на катедралата на Градскиот остров на Сена започнала во 1163 година, за време на владеењето на кралот Луј VII, кога поглавар на Римокатоличката црква бил папата Александар III. Причината за ова било прогласувањето на Париз за Град на кралевите на Европа. Градењето на Нотр Дам завршило после скоро два века, во 1345 година.

Катедралата е долга 130 метри и зазема површина од 6.650 квадратни метри. На неа се наоѓаат 2.230 статуи на познати лица, меѓу кои има црквени лица, светци, кралеви и гаргоили.

Градењето на Нотр Дам претставувало огромно оптоварување за граѓаните, бидејќи биле наметнати високи даноци, а свештениците им давале прошка на сите грешници доколку го финансираат градењето. Револтирани заради големиот данок, парижаните во 1223 година насилно влегле во палатата на бискупот Морис де Сали, па тој и неговата свита морале да бегаат. Случајот е разрешен со интервенција на папата и кралот, а бунтовниците биле сурово казнети. Оваа ситуација предизвикала подолга пауза во градењето на Нотр Дам.

Во Катедралата до 1825 година се крунисани 25 кралеви, а како куриозитет е податокот дека во 1429 година во Нотр Дам е крунисан Шарл VII во присуство на славната Јованка Орлеанка.

Во текот на Француската буржоаската револуција Богородичината црква била оштетена, а потоа продадена на аукција. Сепак, Нотр Дам преживеала кога на власт дошол Наполеон Бонапарта, кој ја поништил продажбата и наредил таа да биде достојно украсена пред неговото крунисување во 1804 година.

Подоцна е реконструирана во времето на кралот Луи Филип.

Денес  Нотр Дам е еден од најпопуларните историски објекти во Европа, со над 13 милиони посетители годишно.

 

 

Копирањето на содржината е забрането!