Технологија

Како Самсунг ги крие личните податоци на корисниците од сервисерите на мобилни телефони

Случаите во кои хакерите продаваат лични податоци на форуми веќе не се ретки, а тоа може да биде една од причините за чувството на непријатност при оставање на мобилен телефон на сервис. Сепак, Самсунг има решение.

Тоа е режим наречен Repair Mode, кој може да се активира во поставките, односно во делот Battery and Device Care. Самсунг не објави детали за технологијата што ја овозможува функцијата, но познато е дека крие приватни информации, фотографии, пораки и поврзани сметки кога ќе се активира.

Само апликациите што доаѓаат со мобилниот телефон од фабриката ќе бидат видливи за техничарот или сервисерот. За да го вратите пристапот до податоците, доволно е да го деактивирате Repair Mode и да користите еден од начините за потврдување на идентитетот, како што е сензорот за отпечатоци.

Функцијата засега е достапна само за корисниците во Јужна Кореја и за серијата мобилни телефони Galaxy S21, а потврдено е дека доаѓа и за други модели. Исто така, се очекува дека во иднина ќе биде достапен и во остатокот од светот.

Слични написи

Договор тежок 3,5 милијарди долари за 5G мрежа во САД

admin

Вечерва на Марс се спушта сондата Insight

Biba

Тојота ќе оди на Месечината

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.