Како треба да изгледа хигиената по завршувањето на сексот

 

Како комбинација на љубење, пот и други телесни течности, сексот претставува прилично неуредна активност, а по завршувањето на сексуалната активност останува прашањето за хигиената.

Кога станува збор за чистењето на вагината, после сексот таа самата се чисти, дури и ако во неа остане семена течност. Освен тоа, земањето во свои раце на овој процес може да направи повеќе штета отколку корист. Она што можете да го направите е да ја измиете вагината со топла вода, особено ако сте подложни на иритации и инфекции на уринарниот тракт.

Мокрењето по завршувањето на сексуалниот однос е корисно и со тоа може да се спречат вагиналните и уринарните инфекции. Теоретски, доколку во каналот има бактерии, со самото уринирање се исфрлаат надвор од телото и организмот се чисти. Мокрењето по сексуалниот чин е корисно и може да ви донесе и психолошки мир.

Сепак, не мора да трчате во тоалет веднаш по завршувањето на сексот. Уживајте неколку минути во прегратката на партнерот, па потоа упатете се кон тоалетот. Сè додека уринирате во период од 30 минути по сексот се постигнува ефектот.

Доколку сте имале анален секс, задолжително истуширајте се и измијте го своето генитално подрачје за да се ослободите од какви било бактерии. Истуширајте се со топла вода и сапун што не е агресивен.

Моментите после сексот се исклучително важни за поврзување со партнерот и уживајте во моментот и чувството што го создава хормонот на среќа што се ослободува со сексот и оргазмот.

Доколку сте бремени и практикувате секс, задолжително пијте повеќе вода за да уринирате по сексот и задолжително мијте ги рацете и вагиналната регија со сапун.

 

 

Забрането е копирање на текстот!