Како да се спасите од лошиот утрински здив

Кликнете на копчето "Сподели" и другите да го прочитаат написот.
  •  
  •  

Генерално, поголемиот дел од популацијата, и покрај редовното миење на забите има проблеми со лошиот утрински здив.

Причина за тоа може да бидат расипани заби, но може да биде и ослабената функција на желудникот.

Со овој напиток може да се спасите од проблемот на утринскиот лош здив, и плус да внесете здрави намирници во вашиот организам.

За да го подготвите не ви е потребно нешто комплицирано, туку едноставни продукти што ги имате редовно по дома.

Потребни ви се 2 јаболки, 5 листови кељ, сок од еден лимон и магдонос.

Сето тоа го ставате во блендер и го блендате со малку вода.

Овој зелен напиток го пиете наутро на празен желудник или помеѓу два оброка за да ја дезинфицирате усната празнина и за да ги отстраните бактериите што се причинители на лошиот здив.

Мешавината на овие продукти исто така е добра и во борбата против вирози и настинки.