Како да се борите со осаменоста

 

Осаменоста е чувство на самотија и беспомошност кое не се јавува само кога сме сами. Може да бидете опкружени со милион луѓе, а сепак да се чувствувате осамени.

Следуваат неколку совети кои ќе ви помогнат да се справите со чувствата кои ги носи осаменоста

  • Разберете дека тоа е чувство, а не факт

Понекогаш се чувствуваме осамено иако во реалноста не сме сами и изолирани од светот. Бараме причини за таквото чувство, мислиме дека сме губитници, дека никој не нè сака, и почнуваме да ги мешаме чувствата со фактите. Разберете дека осаменоста е чувство како и секое друго и дека не сте вие виновни за нејзиното појавување.

  • Сакајте се самите себе

Најважно е да ја разберете сопствената вредност и фактот дека ниедна друга личност не може да ве исполни и да ве сака како што ќе се сакате вие самите. Кога се чувствувате осамено, не ја барајте причината во себе, не се сожалувајте и не очајувајте.  Бидете свој, и бидете си најдобар пријател.

  •  Не зависете од други

Многумина депресијата и осаменоста се обидуваат да ја излечат со излегување во групни дружби, но тоа често не помага. Не ја ставајте одговорноста за сопствената среќа во рацете на други. Не можеме да очекуваме луѓето да ни се секогаш достапни, дека никогаш нема да нè разочараат или дека ќе ни даваат вечна среќа.

  •  Негувајте ги пријателствата

Наместо секогаш да размислувате за тоа колку немате и не добивате, концентрирајте се на давање. Негувајте ги пријателствата и внимавајте на туѓите чувства.

  •  Пронајдете луѓе како вас

Запомнете дека не сте единствени што се чувствуваат така, а темелот за создавање на пријателства се заедничките интереси. Најдете ново хоби и поминувајте време со луѓе кои ви се интересни.

  •  Бидете активни

Физичката активност ослободува ендорфин, хормон што е заслужен за доброто расположение. Неколку пати неделно занимавајте се со интензивна физичка активност, бидејќи седење дома и лежење во кревет нема да ви помогнат да ги исфрлите негативните мисли од умот. Исто така изложувајте се на сонце, бидејќи сонцето го помага создавањето на витамин Д, а тој ја намалува депресијата.

 

Забрането е копирање на текстот!