Select Page

Како да препознаете контрол фрик

Како да препознаете контрол фрик

Контрол фрикот е најчесто перфекционист кој се чувствува ранливо во секоја ситуација врз која нема контрола (однесувањето на другите луѓе, временските услови, болести). Овој тип на личности се склони да менаџираат со однесувањето на другите додека не се совпадне со нивните стандарди и додека не почнат да ги исполнуваат нивните високи и нереални барања. Не поднесуваат неизвесност, нејасни и двосмислени ситуации. Ако се на раководна функција, имаат проблем со тоа да делегираат задолженија затоа што немаат доверба во други луѓе и верувааат дека нема да ги извршат задачите онолку добро како тие самите. Трошат многу енергија обидувајќи се да ги сменат другите луѓе (партнерот, децата, колегите, пријателите). Веруваат дека се секогаш во право и се обидуваат да им го наметнат своето мислење на другите. Често пати ги корегираат и критикуваат луѓето во својата близина.

Како да се справите со контрол фрик?

Држете дистанца. Потрудете се што помалку време да бидете во нивна близина или во нивно друштво. Јасно дајте им до знаење дека не сакате подлабока (пријателска или интимна) врска со нив. Контрол фриковите предизвикуваат стрес кај другите личности, што може да ве направи поподложни на нивните лоши навики.

Вежбајте да кажете НЕ. Луѓето кои сакаат да контролираат, под маската на убедување се обидуваат да го сокријат она што всушност е притисок и манипулација. Најчесто, ако покажете отпор кон нивното “охрабрување” да постапите како тие што сакаат, контрол фриковите стануваат претерано емоционални.

Најдете поддршка. Кога личноста која сака да контролира е во вашето семејство или во непосредната работна средина, понекогаш е тешко да се диференцира што е прифатливо а што неприфатливо однесување во дадена ситуација. Најдете некој член од семејството или колега кој е објективен и кој може да ви даде поддршка. Контрол фрикот ги искористува луѓето кои ќе почувствува дека се чувствителни, ранливи и подложни на нивните сугестии.

Бидете смирени. Кога сте во интеракција со ваква личност, обидете се да останете смирени и сталожени. Ако контрол фрикот види дека со своето однесување ве вознемирил, ќе ве доживее како слаби и лесни за манипулација, што само ќе го потхрани нивното чувство за контрола и ќе продолжи во вас да гледа таргет за своето шефување.

Имајте ја на ум причината зашто ваквите луѓе имаат претерана потреба за контрола. Некои од нив може да бидат и харизматични, дружељубиви, динамични личности, но длабоко во себе да бидат несигурни, параноични, со емоционални проблеми, што се разбира, не го оправдува нивното однесување.

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.