Убавина

Како да имате мазни и убави нозе ако користите брич

Најевтин и најбрз метод за отстранување на влакната од нозете е бричењето. Но и покрај својата практичност, бричењето може да предизвика оштетување на кожата, мали рани и гребнатини во кои бактериите можат да навлезат и да ја иритираат кожата, а во најлош случај може да доведе до болно воспаление.

Понекогаш по бричењето кожата станува црвена и иритирана, може да чеша или да се појават воспалени ситни мозолчиња. Затоа е важно во текот на самата постапка што помалку да ја оштетите кожата, па еве неколку корисни совети при депилација на кожата со жилет.

Проверете дали бричот е чист

Дерматолозите се согласуваат дека чистото сечило за бричење е клучната работа кога станува збор за бричење. Сите остатоци, како гел за туширање или дезодоранс, треба да се отстранат од сечилото што е можно побрзо. Многумина едноставно го оставаат бричот по бричење. Никогаш не го правете тоа, секогаш исплакнете го темелно под млаз вода. Не треба да користите сапун бидејќи може да ги отапи сечилата.

Не користете ист брич предолго време

Сечилото трае околу пет до десет бричење. Но, повеќето луѓе ги користат бричевите многу подолго. Сепак, по пет до десет бричење, сечилата стануваат тапи – што го зголемува ризикот од повреда и оштетувања на кожата.

Не се бричете пред или веднаш по вежбањето

Потта содржи бактерии. Ако се бричите непосредно пред или веднаш по вежбањето, постои ризик потта да ја изиритира кожата. Затоа, не е добра идеја да се бричите непосредно пред тренинг. Ако сакате да се избричите после тренингот, прво треба темелно да се истуширате по можност со антибактериски сапун, за да се осигурате дека потта е измиена и кожата е дезинфицирана.

По бричењето не се туширајте со топла вода

Ризикувате дополнителна иритација, бидејќи топлината ги отвора порите. Наместо тоа, туширајте се со млака или ладна вода, бидејќи така се затвораат порите.

Бричете во насока на растот на влакната

Со бричењето во спротивна насока од растот на влакната можеби се добива помазен резултат, но тоа придонесува за оштетување на жилетот и повреди. Затоа дерматолозите препорачуваат бричењето секогаш да биде во насока на растот на влакната.

Користете пена за бричење

Некои понови жилети имаат веќе интегрирана пена во бричот, гел за нега што обезбедува сечилото непречено да се лизга по кожата. За класични сечила без дододатоци, секогаш треба да користите пена или гел за бричење за да го намалите ризикот од повреда. Ако користите регенератор што содржи силикон наместо пена за бричење, имајте на ум: иако бричот непречено се лизга по кожата, ситните пластични честички можат побрзо да го отапат сечилото и честопати тешко се измиваат.

Ако и покрај сите мерки на претпазливост на кожата се појават досадни мозолчиња, може да нанесете специјални креми или лосиони кои ја смируваат. Погрижете се производите да содржат состојки како што се: смирувачка алое вера, цинк кој го поддржува заздравувањето, витамин Е кој ја зајакнува бариерата на кожата… Во секој случај, избегнувајте производи на база на алкохол кои можат сериозно да ја иритираат кожата и да го влошат црвенилото.

Слични написи

Како да направите целосна детоксификација на кожата за три дена

dart

Havaianas и Farm Rio ги претставија новите апостолки со разигран летен дизајн

Biba

Зошто предвреме ни побелува косата?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.