Постојаната опкруженост со „совршеност“ на социјалните мрежи, вреднувањето на некого врз основа на надворешниот изглед, донесе постојана преокупација со изгледот и незадоволство со себе.
Летото е тука и многу луѓе се грижат за тоа како изгледаат. Не ни се допаѓа нашето тело и постојано го притискаме за нешто повеќе и подобро.
Како да го сакате вашето тело?
1. Направете листа на работи кои вашето тело ви дозволува да ги правите. Запомнете го или читајте го на глас.
2. Сетете се на луѓето на кои им се восхитувате на некој начин. Размислете дали им се восхитувате поради нивниот физички изглед или поради тоа што се. Колку нивниот изглед придонесува за нивниот живот и успех?
3. Без разлика какво е вашето тело, не се ограничувајте во активностите. Ако сакате да танцувате, танцувајте, ако сакате да трчате, трчајте.
4. Запомнете дека вашето тело е чудесно – секој ден некои од нашите телесни клетки се обновуваат и запомнете што сè прави телото за нас дури и кога не сме свесни за тоа.
5. Секој ден најдете барем две убави работи кои ги гледате на вашето тело.
6. Почитувајте ги телесните сигнали и потреби – јадете кога ви се јаде, спијте кога ви се спие, одморете се кога сте уморни.
7. Гледајте се себеси во огледало најмалку пет минути секој ден без осудување. Оставете ги мислите да поминат, работете на прифаќање на вашето тело. Нашето тело е нашата куќа, а нашата куќа е одраз на она што сме одвнатре.
8. Поврзете се со пријатните сензации што ви ги дава телото – секогаш кога ќе почувствувате дека не ви се допаѓа, обидете се да најдете пријатна сетилна сензација (пријатен звук, допир, визуелна содржина). Запомнете дека вашето тело е многу способно за задоволство.
9. Престанете да се споредувате со луѓе на мрежите кои промовираат нездрави тела, опсесивно вежбање, фотошопирани тела… Сите сме различни и можеме многу да направиме со нашето тело ако не го ограничуваме. Вежбајте и откривајте нов мускул, движење, сензација, секој ден.