Како да го оладите домот без клима-уред

 

Клима-уредот е спас од неподносливата жештина летно време, но претераното намалување на температурата и лошото одржување можат да доведат до здравствени проблеми, тврдат стручњаците. Токму заради тоа многу луѓе немаат клима-уреди и наоѓаат други начини да го оладат домот.

Логика на прозорците

Ова можеби изгледа очигледно, но најдобар начин за одржување на свежината во домот е да не дозволите топлината да влезе внатре. Наутро затворете ги сите прозорци кои гледаат кон исток и кон југ, спуштете ги ролетните и навлечете ги завесите. Потоа отворете ги прозорците кои гледаат кон северната и западната страна на домот. Ова ќе ви помогне да ја блокирате топлината и да овозможите свежиот утрински воздух да влезе во собата.

Правилна изолација

Правилната изолација на куќата е клучна за одржување на попријатна внатрешна температура во текот на целата година, а најважно место за изолација е поткровјето. Добро би било да имате 35 сантиметри подна изолација на поткровјето ако живеете на југ и околу 45 сантиметри ако живеете на север.

Причината зашто е толку важна изолацијата на поткровјето во летните месеци е тоа што го спречува топлиот воздух да ги загрее собите под него, што ја одржува целата куќа ладна и пријатна.

Тавански вентилатор

Таванските вентилатори се изненадувачки ефикасни во одржувањето на пријатна температура во просторијата, а користат само една десетина од електричната енергија што ја користи типичен клима-уред. Ветрето што притоа го создаваат ќе придонесе да ви биде за 3-4 степени посвежо. За разлика од клима-уредите, таванските вентилатори ги ладат луѓето, а не воздухот во просторијата.

Вентилаторот е посилен со мраз

Пред вентилаторот ставете широк и плиток сад наполнет со коцки мраз. Како што вентилаторот дува врз мразот, така низ просторијата ќе се шири поладен воздух. Тоа ќе трае додека да се стопи мразот, а потоа повторно ќе треба да го наполните садот со мраз.

Избегнувајте да ја користите рерната

Кујната најбрзо станува неподнослива ако ја користите рерната. Ако морате нешто да испечете, почекајте до доцна навечер или пак направете го тоа рано наутро, кога домот е најладен. Чувството на топлина дополнително се зголемува ако во домот има влага од готвење или туширање, па после овие активности отворете прозори.

 

Забрането е копирање на текстот!