Психологија

Како да го намалите стресот на природен начин

Борбата со стресот е најголем предизвик на денешницата. Стресот може да биде предизвикан од различни причини, но најстресна од сите без сомнеж е работната средина. Долги часови поминати на работа, рокови на кои треба да се придржуваме, сложени меѓучовечки односи и работна клима, тешки работни задачи, сето тоа предизвикува психичка и телесна напнатост, која на долг рок може да го наруши и телесното и психичкото здравје.

Затоа е важно редовно да се практикуваат активности кои го намалуваат стресот.

Внимавајте што и колку јадете

Храната која ја внесувате во телото може многу да влијае на тоа како ќе се чувствувате во текот на работниот ден. И покрај тоа што во стресни ситуации најрадо посегнуваме по брз и нездрав оброк, таквата храна предизвикува пад на расположението и на тој начин ги засилува симптомите на стрес. Помали и здрави оброци го одржуваат на еднакво ниво шеќерот во крвта, одржувајќи го на тој начин и нивото на енергија и на концентрација.

Трчајте

Обликот на вежбање кој најповолно влијае на намалување на стресот е трчањето. Тоа го поттикнува излачувањето на хормонот ендорфин кој уште се нарекува и хормон на среќата. Ендорфинот во телото побудува чувство слично на еуфорија, што намалува некои од физичките и психолошките последици на стресот. Трчањето не мора потполно да биде одвоено од работната средина. Против стресот можете да се борите заедно со своите колеги ако се пријавувате на спортски настани заедно.

Опуштете го умот со помош на медитација

Медитацијата е брз и едноставен начин да го намалите стресот, а неа може да ја практикува секој. Може да се медитира без оглед на тоа каде се наоѓате – додека шетате, додека се возите со автобус или седите во канцеларија. Со медитација се насочува вниманието и се отстрануваат хаотичните мисли кои го заморуваат умот и предизвикуваат стрес, па настанува чувство на мир и спокојство кое влијае поволно врз телото и психата.

Наспијте се добро

Недоволниот одмор влијае негативно на продуктивноста во текот на денот, на концентрацијата и на способноста за решавање проблеми. Колку сте поодморени, толку подобро ќе можете да се справите со стресот на работното место. Создајте рутина и обидете се да легнувате навечер и да станувате наутро во исто време секој ден. Избегнувајте ги мобилните и компјутерите барем еден час пред легнување. Исто така избегнувајте ги активностите кои ви предизвикуваат стрес, како што е на пример завршувањето на работните обврски. Наместо тоа, намалете го светлото во собата и занимавајте се со некоја активност која смирува, како што е читањето книга.

Дишете длабоко

Вежбите за дишење помагаат да го пренасочите вашето внимание кон дишењето, со што го освестувате тој процес и можете да го контролирате така што ќе дишите поспоро и подлабоко. Белите дробови за време на ваквото дишење полека се шират и се собираат, што го успорува пулсот и ги смирува умот и телото.

Слични написи

Колку е вистина дека интелигентните луѓе се посреќни кога се сами

Biba

Забавен психолошки тест кој ги открива вашите силни и слаби страни

Biba

Покажете им на децата колку е важна грижата за менталното здравје

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.