Select Page

Како да го исечете кромидот без солзи

Како да го исечете кромидот без солзи

 

Сите што сакаат да готват, повеќе би сакале кромидот да го исече некој друг наместо нив.

Суровиот кромид произведува хемиско испарување кое во воздухот се претвара во сулфурна киселина која ги иритира солзните жлезди и предизвикува солзење. Меѓутоа, тоа може да се ублажи со помош на неколку мали трикови:

  • Чувајте го кромидот во фрижидер неколку часа пред сечењето. Испарувањето ќе биде многу помало ако кромидот е ладен (сетете се дека ѓубрето повеќе мириса во лето отколку во зима).
  • Коренот на кромидот пресечете го на крај, бидејќи во него има најголема концентрација на сулфур кој ја иритира слузницата.
  • Сечете го кромидот со многу остар нож. Брзите и остри движења со ножот помалку го притискаат и гмечат кромидот и на тој начин се намалува испуштањето на иритирачките испарувања. А со остар нож и побрзо ќе го пресечете кромидот, па така ќе го намалите времето на изложување на неговите испарувања.
  • Отворете прозор и запалете миризлива свеќа во близина на местото на кое сечете кромид. Пламенот од свеќата ќе ги привлече испарувањата кои предизвикуваат солзи и ќе ја намалат количината на супстанцата која циркулира во воздухот.

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.