Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Како да ги отстраните темните подочници за време на зимскиот период

Кликнете на копчето "Сподели" и другите да го прочитаат написот.
  •  
  •  

Група научници кои се занимаваат со изучување на кожата на лицето, тврдат дека зимскиот период им додава на жените и до пет години старост заради темните подочници и намалената количина на таканаречениот хормон на среќата. Истражувањето кое го спровеле научници од компанијата за производство на козметика Adonia Organics опфатило 5000 жени кои биле набљудувани за време на сите четири годишни времиња.

Резултатите покажале дека подочниците се потемни, поголеми и поотечени за време на зимскиот период. Недостатокот на витамин Д и сончева светлина придонесува за овие промени. Хормонот на среќата серотонин значајно опаѓа кога времето е ладно.

“Сè повеќе истражувања покажуваат дека недостатокот од витамини Д, К и Е е најголема причина за темните кругови под очите и дека жените изгледаат постаро за време на зимскиот период”, вели дерматологот Марк Бинет.

Следуваат неколку начини како да ги отстраните темните и отечени подочници:

  • На луѓето кои многу работат и не се одмориле претходната ноќ им е потребно и дневно спиење. Доволна е и 15-минутна дремка за да ви ги отстрани темните кругови под очите.
  • Отечениот изглед под очите е последица на неспиењето. Никому не му е пријатно кога ќе се погледне во огледало да види темни и надуени кругови под очите. Земете мал пешкир или памукче, натопете го во ладна вода и благо притиснете го на очите – ова би требало да го намали отокот.
  • Креми богати со витамин Е помагаат во намалувањето на темните вреќички под очите.
  • Можеби ќе ви изгледа смешно, но тркалце сиров компир или краставица може да послужи како одлично средство против темните подочници.