Убавина

Како да ги избегнете црвенилото, поткожните влакна и крвавењето, кога ја бричите бикини зоната

 

При бричењето ненамерно се прават многу грешки, особено во бикини зоната, што доведува до црвенило, појава на поткожни влакна и крвавење.

Постојат неколку правила, кои доколку ги следите ќе се спасите од непријатноста што ја чувствувате во моментите после користење на бричот во бикини зоната.

Основно правило, кое се надеваме дека го почитувате е – никогаш да не користите тап брич.

Ако се држите до ова правило, следуваат другите вообичаени грешки кои се прават при бричењето.

  • Почнувате со бричење веднаш по влегувањето под туш. Би било убаво ова правилно потполно да го смените. Причината е едноставна: по завршувањето на туширањето кожата е хидрирана, а фоликулите на влакната се многу помеки, со што се намалува веројатноста од создавање на ранички при бричењето. Затоа, посегнете по бричот и бричењето на бикини зоната откако ќе завршите со туширањето.
  • Избегнувате пилинг. И ова е едно од работите што би требало да ги смените. Пилингот благотворно делува на кожата. Тој ги отстранува изумрените кожни клетки, ги елиминира поткожните влакненца и спречува создавање на нови. Ја прави кожата поздрава и понежна. Затоа, би можеле пред бричење да направите нежен пилинг на кожата во бикини зоната.
  • Го користите вообичаениот лосион за тело и во осетливата бикини регија. Во никој случај не го правете ова. Во моментот по бричењето кожата е осетлива, и користење на вообичаениот лосион за тело дополнително ќе ја зголеми иритацијата и ќе направи црвенило. За оваа намена се препорачува да користите крема која делува смирувачки.
  • Бричење на суво. Колку и да се брзате и да мислите дека немате доволно време да го направите бричењето по правилата за да ја зачувате кожата нежна, никогаш не посегнувајте по бричење на суво. Ако сте многу “тенки” со времето, можете барем да искористите топла крпа која ќе ја притиснете на осетливата бикини зона и со тоа барем малку ќе ги омекнете фоликулите на влакненцата.
  • Веднаш по бричењето облекувате секси долна облека. Избегнувајте го користење на долна облека што не е мека и памучна веднаш по бричењето, ако сакате да избегнете иритација на кожата.

 

Слични написи

Кремите за лице со заштитен фактор го ублажуваат стареењето на кожата

Biba

Како да го сакате вашето тело

dart

Што значат натписите на шампоните?

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.