Како да бидете посреќни и позадоволни во пет чекори

Доколку се чувствувате несреќно и незадоволно, научниците предлагаат метода во 10 чекори како да го смените тоа чувство, за кои тврдат со сигурност дека делуваат.

Погрешно е размислувањето дека чувството на среќа и задоволство е резултат од нешто. Всушност, среќата и задоволството се придвижувачи. Продуктивноста и креативноста се директно поврзани со чувството на среќа и задоволство.

За да ја смените перцепцијата за среќа и да ја зголемите креативноста и продуктивноста, искористете ги методите за кои научниците тврдат дека се максимално делотворни.

  • Зголемете го времетраењето на спиењето. Должината и квалитетот на сонот прави да сте поотпорни на негативните емоции. Знаеме дека сонот му помага на телото да се регенерира и да го надомести тоа што го потрошил во претходниот ден. Истажувања докажуваат дека луѓе кои имаат премалку сон, помалку можат да се присетат на весели мисли, но затоа полесно и почесто се присетуваат на негативните. Сонот, како што тврдат научниците, е директно поврзан со чувството на страв и лутината.
  • Задолжително вежбајте најмалку 10 минути во денот. Доколку мислите дека вежбањето е нешто за кое немате време во текот на денот, би било убаво уште еднаш да размислите за тоа. Десет минути вежбање може да се вклопи во секој работен распоред. Вежбањето влијае не само на телото, туку и на чувството на среќа и задоволство, и се смета за помош при излез од депресија. А да не го споменуваме и намалувањето на килограми.
  • Поминувајте повеќе време надвор, на свеж воздух. Студии покажуваат дека барем 20 минути поминати надвор на свеж воздух го поттикнува доброто расположение, го разбиструва умот и ја освежува меморијата. Дваесет минути прошетка може да се вклопи во секој работен распоред.
  • Медитирајте, ослободете место во мозокот. Медитацијата е за многумина непозната, но истражувања докажаа дека медитирањето директно и успешно помага во фокусираноста, бистрината на умот и смиреноста, и буквално директно влијае на чувството на среќа и задоволство.
  • Вежбајте смеење. Смеењето ја намалува болката, го подобрува расположението, ви помага да размислувате побистро. Смеењето е поефикасно ако е поврзано со весели мисли.

 

Don`t copy text!