Забава Избор на уредникот

Какви се во кревет хороскопските знаци

Одредени хороскопски знаци важат за виртуози во кревет, но тоа не значи дека останатите од Зодијакот не поседуваат квалитети.

Прочитајте кои квалитети се карактеристични за знаците од Зодијакот.

  • Овен. Со овенот владее Марс, планетата на желби, што значи дека тој презема иницијатива во спалната соба. Овновите се динамични и секогаш спремни за акција и со нив во кревет ве чека вортекс од страсти.
  • Бик. Бикот поседува издржливост и кај сексуалниот партнер сака да ги активира сите сетила за сексуално уживање. Замислете свеќи, свилена постелнина, еротски допири и страст.
  • Близнаци. Близнаците се ментални гимнастичари. Се занимаваат со фантазии. Без оглед дали ви праќаат експлицитни секси пораки или ви шепотат секси зборови на уво, тие со своите ментални фантазии и тестирањето на границите ќе разбудат лавина на емоции во спалната соба.
  • Рак. Дури и ако станува збор за прва средба или неофицијална врска, со ракот ќе се поврзете лично. Заради нивната интуитивна природа може да помислите дека ви ги чита мислите и ви овозможува незаборавна предигра.
  • Лав. Со лавовите владее Сонцето, а кога ќе станете интимни со нив ќе се чувствувате како ѕвезда. Куќно видео, секси фотографии, заводлива долна облека, нежно осветлување – лавовите ќе ви приредат фантастично искуство.
  • Девица. Не дозволувајте изразот девица да ве залаже. Со девиците владее Меркур, планетата на умот и комуникациите, и од нив може да очекувате прилично интересни фантазии во креветот.
  • Вага. Уметник во заведувањето. За нив сексот е уметност, а предиграта е еднакво креативна како и самиот секс. Вагите се сестрани во кревет и секогаш спремни се за експериментирање.
  • Шкорпија. Ја нарекуваат еротски магионичар. Познати се по својата сексуална умешност и сексот со шкорпијата може да ја почувствувате како ново, длабоко безобразно искуство кое со часови ќе ви се врти низ главата по сексот. Не се плашат од нови искуства и сакаат таинственост.
  • Стрелец. Водењето љубов со стрелецот е патување, а не стигнување до одредницата. Патување возбудливо и диво. Стрелците се познати по својата експериментална и авантуристичка природа и сакаат да пробуваат нови работи со својот партнер.
  • Јарец. Професионалци на работа, господари во спалната соба. Јарците сакаат да се главни, да шефуваат во кревет, да даваат насоки на својот партнер.
  • Водолија. Размислуваат вон зацртаните правила и лесно се решаваат за технолошки играчки и новитети во креветот. Создаваат чувство дека сексот е експеримент.
  • Риби. Водењето љубов со рибите е како поезија, со нежна предигра. Сакаат да се препуштат на реката на уживање.

Слични написи

Неуредниот дом влијае на психофизичкото здравје

Biba

Актуелниот првак во Формула 1 го купи својот втор пентхаус на Менхетен

Biba

Лушпата од јајце може да се искористи во градината

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.