Потребни состојки:
40 пишкоти (приближно)
200 мл сварено и процедено кафе
500 г сирење маскарпоне
500 г слатка павлака
200 г шеќер во прав
2 лажици какао
4 лажици ликер од кафе
1 лажичка лимонов сок
Начин на подготовка:
Фил:
- Слатката павлака изматете ја со постепено додавање на шеќерот во прав.
- Кога ќе се измати, со лажица додавајте го маскарпонето, потоа лимоновиот сок и измешајте убаво да се соединат состојките.
Постапка за редење:
- Во оладеното и процедено кафе додајте го ликерот и измешајте.
- Пишкотите потопувајте ги во кафето и редете ги во правоаголно тавче.
- Кога ќе се покрие дното на тавчето со пишкоти, врз нив полека намачкајте половина од филот. Постапката повторете ја уште еднаш за останатите пишкоти и фил.
- Најодозгора со цедалка наросете какао или ситно рендано чоколадо.
На здравје!