Патуваме

Италијански градови кои се најубави во пролет

 

Фиренца, Венеција и Рим се светски познати туристички дестинации кои со векови освојуваат со своите културно-историски и природни убавини. Но, ако сакате посебен и интимен одмор, Италија има места кои е многу подобро да ги посетите отколку овие популарни туристички одредници.

Алберобело, Пуља

Алберобело е убав град во близина на Бари. Во него се наоѓаат таканаречените трули куќички со конусни покриви, кои изгедаат како да се излезени од бајките. Селото претставува лавиринт од тесни улици и убави плоштади, а има и прекрасен видиковец од кој се пружа преубав поглед на градот. Благодарение на својата убавина, Алберобело се наоѓа на листата на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

Бергамо, Ломбардија

Заборавете на Милано – вистинската ѕвезда на Ломбардија е Бергамо, град кој патниците често го занемаруваат. Но, кога еднаш ќе го откриете, секогаш ќе ве привлекува посебниот шарм на овој главен град на регионот Ломбардија. Овој романтичен град опкружен со ѕидини е еден од најубавите во Италија, исполнет е со камени улици и стари палати.

Тропеа, Калабрија

Иако ова место сè уште не е суперпопуларно меѓу туристите, Калабрија е скриен скапоцен камен на југот на Италија, кој треба да се посети барем еднаш во животот. Градот Тропеа е убав стар град преполн со живописни градби и одлични ресторани. Опкружен e со песочни плажи кои се идеални за уживање за време на топлите месеци.

 

Можеби ќе ве интересира

Севиља – срцето на Андалузија

Biba

Убавините на Бора Бора

admin

Лисабон – европска престолнина која мора да се посети

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.