Производителот на преслатката Нутела ја нуди најслатката работа на светот, бидејќи објави оглас за дегустатори.
Бараат 90 дегустатори кои ќе го проверуваат квалитетот и вкусот на производите на Фереро.
Работата се состои во тоа два дена во неделата во седиштето на фабриката да се врши дегустација на производите од кои се прави најпознатиот еурокрем на светот. За да се добие работата не е потребно никакво искуство.
Услов е кандидатите кои ќе се пријават за работата да немаат никаква алергија на храна.
Кандидатите кои ќе бидат избрани ќе мора да се обврзат да посетуваат тримесечен курс, на кој на крајот ќе бидат избрани најдобрите кандидати.
Досега Фереро за оваа работа ја користеше интерната работна сила, односно вработените лица, кои ги тестираа своите производи.
Овој пат фабриката сака да го добие мислењето директно од потрошувачите на нивните производи.