Забава

Исчистете го одводот во кујната без тешки хемикалии

 

Впечатокот на совршено чиста кујна може да го уништи непријатната миризба која доаѓа од мијалникот, одводот или сифонот.

За да ја отстраните, не мора да викате мајстор или да го расклопите целиот одвод за да ја решите оваа незгодна ситуација. Со намирници кои сите ги имаме во кујната ќе го исчистите и дезинфицирате одводот на подолг рок.

Сè што ви е потребно е сода бикарбона, алкохолен оцет, крпа и зовриена вода. Ако имате мијалник со мелница ќе ви требаат и неколку парчиња лимон и коцки мраз.

Во одводот сипете 10 лажици сода бикарбона. Врз неа налејте една чаша алкохолен оцет, затворете го одводот со стара крпа и оставете хемиската реакција која при тоа ќе се развие да го одмасти и одзатне одводот и да ги стопи сите нечистотии кои се собрале. По 30 минути тргнете ја крпата и во одводот налејте зовриена вода. Ако имате мелница за отпадоци ставете ги парчињата лимон заедно со коцките лед и пуштете ја мелницата да ги сомеле. Со тоа ќе направите дополнителна дезинфекција и мијалникот ќе мириса свежо и чисто.

 

Слични написи

Причини зошто бакнувањето е корисно и здраво

Biba

Сам свој мајстор (чамец од пластични шишиња)

admin

Мажите со поголем стомак се подобри љубовници

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.