Наука

Истражувачите пронајдоа докази за органска материја на Марс

Роверот Perseverance, кој беше испратен на Марс од американската вселенска агенција НАСА, пронајде докази за органски соединенија на Црвената планета во кратерот Језеро. Меѓутоа, не треба да се избрзува со заклучоците, бидејќи тоа не гарантира дека некогаш постоел живот на Марс. Овие соединенија можеле да бидат развиени и на небиолошки начини. Сепак, резултатите укажуваат на изненадувачки сложени органски услови за „клучните градежни блокови на животот“.

Роверот Perseverance е првиот што го истражува кратерот Језеро, а тоа го прави од февруари 2021 година. Истражувачите веруваат дека во кратерот некогаш имало езеро, како и речна делта што се влевала во него. Тоа е еден од најверојатните региони во кои може да има остатоци од знаци на живот на Марс.

Органските молекули како оние забележани во кратерот Језеро содржат јаглеродни атоми, а често и водород. Тие се клучни компоненти на животот каков што го знаеме на Земјата, но можат да се развијат и небиолошки.

„Тие се возбудлива трага за астробиолозите, бидејќи често се сметаат за градбени елементи на животот. Важно е да се знае дека тие исто така можат да бидат создадени од процеси кои не се поврзани со животот каков што го знаеме, така што органските молекули не се доказ за живот сам по себе без дополнителни докази кои не можат да се објаснат со небиолошки, односно биотски процеси“, изјави за „Њузвик“ коавторот на истражувањето Џозеф Рејзел Холис од Природонаучниот музеј во Лондон.

Роверот ги прегледал соединенијата со помош на инструментот наречен SHERLOC (кратенка од Scanning Habitable Environments with Raman and Luminescence for Organics and Chemicals), кој мапира органски молекули и минерали на карпестите површини. Тој нашол органски материјали на сите десет прегледани места на дното на кратерот.

„Нашите резултати ги поддржуваат набљудувањата на претходните роботски мисии на Марс, кои укажуваат дека Црвената планета некогаш била богата со органски материјал, соединенија направени првенствено од јаглерод и водород, и дека дел од тој органски материјал сè уште може да се открие милијарди години подоцна. Секое откритие и набљудување ни дава малку повеќе информации кои нè доближуваат до разбирање на историјата на Марс и дали оваа планета можела да поддржува живот во минатото“, изјави Рејзел Холис.

Сега кога истражувачите ги набљудуваа молекулите, ќе треба да ги разгледаат подетално во лабораториите за да извлечат дополнителни заклучоци за нивното потекло.

„Ако овие примероци се транспортираат во копнени лаборатории, во студијата може да се користат поразновидни алатки, вклучително и поголема просторна резолуција со многу поголема специфичност и чувствителност“, велат авторите на студијата.

Сепак, ќе треба да се почека за мисијата Mars Sample Return (MSR), која нема да биде лансирана од Земјата пред крајот на 2020-тите. Сепак, чекањето ќе вреди.

„Досега единствените карпи од Марс кои можевме да ги проучуваме на Земјата беа всушност метеоритите. Пристапот до недопрените карпи на Марс, внимателно складирани и заштитени од контаминација, ќе биде од непроценливо значење за планетарната наука“, изјави Рејзел Холис за Newsweek.

Слични написи

Нов начин на сметање на староста на кучињата

Biba

Водечки климатолози со предупредување

admin

Модуларна колиба во најсеверниот град на светот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.