Здравје

Испрекинатиот сон го зголемува ризикот од дијабетес

Немирниот и испрекинат сон кај одредени луѓе ја зголемува опасноста од развивање дијабетес, утврдиле научници од Универзитетот Чикаго.

Тим научници под водство на д-р Есра Тасали спровеле истражување на група доброволци, кои секогаш кога ќе влезеле во длабок сон, биле будени со силна бучава, после што било востановено дека кај нив се развила отпорност на организмот кон сопствениот инсулин.

Научниците објаснуваат како телото го “осеќа” инсулинот: неможноста на организмот да ги препознае вообичаените сигнали за потребата од производство на инсулин, води до зголемување на нивото на шеќер во крвта, губиток на телесна тежина, и на крајот, речиси неизбежно води до развој на дијабетес тип 2.

За да го тестираат влијанието на квалитетното спиење врз потенцијалната промена на нивото на шеќер во крвта, научниците најпрво две ноќи по ред ги следеле вообичаените фази на сон кај девет здрави мажи и жени. Во текот на следните три ноќи, научниците ги буделе доброволците со силна бучава во моментите кога влегувале во фазата на длабок сон. Бројот на часови на вкупниот сон за време на експериментот не бил ограничен.

Потоа на доброволците им била вбризгана глукоза и им било измерено дневното ниво на шеќер во крвта и нивото на инсулин, при што било востановено дека дури осум од испитаниците станале помалку осетливи на сопствениот инсулин.

„Веќе докажавме дека помалку сон од потребниот, кај некои лица, особено млади, резултира со намалување на толеранцијата на глукоза, а последните истражувања покажуваат и дека квалитетот на сонот е од клучна важност кога се работи за неговото влијание на потенцијалниот развој на дијабетес“, изјавува д-р Тасали.

Таа нагласува дека хронично површниот сон и дијабетесот се типични фактори кои се поврзуваат со стареењето и смета дека треба да се спроведат понатамошни истражувања за да се утврди дали за тавите промени во метаболизмот придонесуваат токму промените во квалитетот на сонот кои доаѓаат со стареењето.

Слични написи

Кои се најчестите прашања и одговори за миење на забите?

dart

Причини поради кои треба да ги избегнувате рафинираните намирници

Biba

Забите не треба да се мијат веднаш по јадењето

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.