Испадите на Мурињо немаат граници

Кликнете на копчето "Сподели" и другите да го прочитаат написот.
  •  
  •  

Жосе Мурињо е човек кој има многу експлозивен карактер. Често се бунтува, бурно реагира и луѓето го прифаќаат како таков. Но, на вчерашниот натпревар од петтото коло на Лигата на шампиони помеѓу Манчестер Јунајтед и Јанг Бојс на Олд Трафорд, по завршувањето на натпреварот и постигнатиот победнички гол на Црвените ѓаволи во последните минути од судиското надополнување, се надмина самиот себе.

Во еден момент Португалецот ги дофати шишињата со вода за фудбалерите што се наоѓаат покрај теренот и ги расфрла на сите страни.

Ова е врв дури и за него.

Погледнете го видеото.