Забава

Иритирачки навики на презаљубените парови

По минувањето на тинејџерската љубов доаѓа фаза во која знаеме што сакаме од партнерот и се раѓаат нови, цврсти љубови. Но, дали некогаш сте помислиле дека со влегувањето во сериозна врска станувате „еден од тие парови“ и што всушност тоа значи?

1. Се повеќе велат „ние“.

Би сакале да одиме…, јас и Марко го сакаме… или не ни е проблем, ова се само дел од изјавите на таквите парови. Сите парови го прават тоа, но кога тоа ќе стане правило и двајцата во врската ќе го изгубат своето „јас“, тогаш тоа може да биде доста иритирачко, но и опасно за нивниот идентитет.

2. Мислат дека секој состанок е резервиран за парови

Во таквите врски паровите забораваат дека состаноци има и само со пријателки или само со другарки.

3. Ги користат социјалните мрежи за да ја докажат својата љубов

Објави како “Те сакам!” или пак “Уште малку и заедно сме” треба да бидат резервирани само за парот, а не јавни. Љубовта нека стане само нивна, не и на сите што ќе го видат тоа.

4. Стануваат неуморни проводаџии

Толку се воодушевени од сопствената врска, што едноставно мораат да им го понудат истото на своите сингл пријатели, па затоа им го „местат“ неговиот пријател или пријателка. Тоа е убав гест, но може да биде и иритирачки.

Некои луѓе уживаат во својот соло живот, некои штотуку излегле од лоша врска, а некои едноставно не сакаат состанок на слепо. Со други зборови, ваквите парови треба малку да се „оладат“ и да уживаат во својата љубов.

5. Мислат дека нивниот партнер е поканет на сите забави на нивните пријатели

Пријателите прво ги сакаат своите пријатели. Понекогаш сакаат да ги гледаат со партнерот, но понекогаш сакаат да уживаат само во нивното друштво. Ова треба да се разбере бидејќи партнерот е сопствен избор, а не избор на пријателите.

Слични написи

На што се должи генијалноста за сликање на Леонардо да Винчи

admin

Колку пари ви се потребни за да бидете среќни?

Biba

Тајландски кафе-бар им нуди на посетителите најмеки гушкања

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.