Иран го направи најголемиот тепих на светот, долг дури 600 метри

 

На Mеѓународниот саем на рачно изработени килими во Табриз, Иран го претстави најголемиот тепих на светот. Неговата должина е 600 метри.

Ова уметничко дело е работено во 60 дезени и 70 бои, а неговата тежина е неверојатни 3 тони.

Изработката на светскиот рекордер траела 6 години и бил работен секојдневно во две смени.

Колку за потсетување, Иранците го имаат и претходниот рекорд на рачно изработен тепих кој бил 133 метри долг и 48 метри широк, а дизајнот бил на познатиот ирански уметник Али Калики и бил изработуван од дури 1200 уметници.

Инаку, Иран важи за најголемиот производител на рачно изработени килими и теписи и е заслужна за 3/4 од светската трговија со оваа стока.

 

 

Забрането е копирање на текстот!