На својот официјален профил, челниците на Интер од Милано објавија дека од продажбата на билети за натпреварот против Барселона постигнале приход од 5,8 милиони евра, што е своевиден рекорд.
Денес Интер ја пречекува Барселона на Џузепе Меаца во 21 часот, а навивачите на Нероазурите за кратко време ги разграбаа билетите.
Интер го има второто место во групата Б и со победа над Барселона ќе направи голем чекор до пласман во нокаут фазата од Лигата на шампиони.