Психолозите постојано ја проучуваат човечката психа и начинот на кој функционира мозокот, и постојано отриваат нови сознанија. Следуваат неколку факти кои не се толку познати и можеби ќе ве изненадат.
Луѓето со висок коефициент на интелигенција немаат многу пријатели
Пред илјадници години нашите далечни предци се здружувале во заедници за полесно да преживеат, заедно да ловат и да ги прошируваат своите племиња. И денешните луѓе формираат заедници, но од поинакви причини. Едно истражување открило дека на луѓето кои имаат висок IQ не им требаат многу пријатели, затоа што нивниот мозок е зафатен со решавање сериозни проблеми и премногу комуникација за нив е губење време. Меѓутоа, психолозите не го одобруваат ваквиот начин на живот, па ги поттикнуваат луѓето кои се изолираат почесто да се дружат со што поразлични типови на луѓе затоа што тоа го помага развојот на мозокот и ги подобрува расположението и здравјето.
Депресивните луѓе поинаку ги перципираат боите
Луѓето кои страдаат од депресија често кажуваат дека животот ги изгубил сите бои, а оваа изјава има и медицинска потврда. Мозокот на депресивна личност е помалку осетлив за бои, полошо ги распознава нијансите и јачината на боите.
Луѓето кои се фалат дека имаат големи планови, на крајот не прават ништо
Ако сакате да направите нешто ново и крупно, не кажувајте никому за своите планови. Оние кои ги трошат времето и енергијата во раскажување наоколу што сè ќе направат, на крај не прават ништо од она што го кажале, додека пак оние кои делуваат во тишина ќе направат многу повеќе.
Учењето странски јазици помага во носењето одлуки
Неколку нови истражувања покажуваат дека за носење на големи и важни одлуки треба да размислувате на странски јазик. Така ќе го активирате рационалниот дел од мозокот кој ќе ви помогне појасно да ја согледате ситуацијата и со самото тоа полесно да донесете одлука.
Младите луѓе почесто страдаат од депресија од постарите
Едно истражување покажало дека најнесреќните луѓе на светот имаат помалку од 30 години. Мажите и жените меѓу 18 и 30 годни се посклони кон анксиозност и стрес отколку постарите.
Среќата може да се купи со пари
Чувството на среќа може да го “купите” ако парите планирани за себе ги потрошите за подарок на некој близок од семејството или пријател. Во миговите кога развеселуваме други се развеселуваме и себеси, ја зголемуваме нашата самодоверба и со самото тоа стануваме посреќни.
Уморот може да ја зголеми креативноста
Ако сакате да ви дојде креативна идеја – изморете се. Креативните идеи често пати им доаѓаат на исцрпените луѓе затоа што тогаш мозокот функционира помалку ефикасно: не ги отфрла идеите кои на прв поглед можеби делуваат малку лудо и кои под поинакви околности веднаш би ги отфрлиле.
80% од секој разговор е озборување
Поголемиот дел од сите разговори се сведува на озборување и овој факт не препознава пол: озборуваат подеднакво и мажите и жените. Научниците излегоа со шокантна статистика дека 80% од разговорите се озборување и разменување информации за пријателите и колегите. Меѓутоа, озборувањето не е секогаш лошо – тоа е важен начин на комуникација, им помага на луѓето да ги одржат социјалните врски.