Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Инстаграм им овозможи на корисниците со IOS опција што ќе им го олесни користењето

  •  
  •  

Инстаграм внесе новина во користењето на нивната мрежа: опција која им дава можност на корисниците да објавуваат во исто време на повеќе профили.

Опцијата е достапна за сите корисници на IOS оперативните системи, а дали и кога оваа опција ќе ја добијат корисниците на андроид и другите оперативни системи сè уште е непознато.

Опцијата “self-regram” се појавува пред да се објави написот. Под опцијата за означување на луѓе и додавање на својата локација, ќе се појави опција “post to other accounts” која ќе ви овозможи да одберете на кои други профили сакате да го објавите написот.

Оваа опција им заштедува време на многу корисници кои имаат повеќе профили на Инстаграм.

За оваа опција уште порано имаше гласини, но беше демантирана.

Минатата година Инстаграм овозможи делење на опцијата “story”, која на корисниците им овозможи да го споделуваат своето или да превземаат “story” од други корисници.