Гастрономија

Индиски лепчиња (наан) со лук

 

Потребни состојки:

1 ќесичка сув квасец

1 чаша топла вода

2 лажици шеќер

3 лажици млеко

1 јајце

2 лажички сол

4-4 1/2 чаши брашно

2 лажички ситно насецкан лук

1/4 чаша стопен путер (за премачкување)

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад растворете го квасецот во топла вода со лажичка шеќер. Кога ќе се направат меурчиња (за десетина минути) во садот ставете ги шеќерот, млекото, солта, јајцето изматено со виљушка и брашно доволно за да се измеси меко тесто.
  2. Измешајте ги состојките, направете тесто и месете го на набрашнета површина 7-8 минути. Оставете го тестото на страна покриено двојно да нарасне, околу еден час.
  3. Потоа премесете го и во месењето додајте го лукот да се распореди низ тестото. Од тестото вадете и правете топчиња со големина на пинг понг топче (или малку поголемки). Оставете ги топчињата да нараснат (покриени) двојно околу 30 минути.
  4. Потоа секое топче исукајте го потенко во кружна форма и пржете го на грил тава лесно намастена. Пржете додека лепчето добие светлокафеава боја околу 2-3 минути, намачкајте ја непржената страна со путер и свртете го лепчето од другата страна. Намачкајте ја и пржената страна со путер и пржете уште 2-4 минути. На ист начин испржете ги сите лепчиња.
  5. Послужете ги топли или ладни, со прилог по ваша желба.

На здравје!

 

Слични написи

Плескавици од компири

Biba

Превкусни мафини со Нутела

admin

Како да го исечете кромидот без солзи

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.