Select Page

Имот во Единбург стана најпопуларниот имот во Англија

Имот во Единбург стана најпопуларниот имот во Англија

Имотот лоциран во Единбург беше понуден на продажба и стана еден од најпопуларните во Англија.

Old Parsonage е имот што привлече големо внимание откако беше понуден на продажба. Опкружен е со зеленило, а балконите на големата куќа овозможуваат прекрасен поглед. Куќата има и визба со голема колекција на вина.

 

 

Old Parsonage е изграден во 1901 година, а реновиран е во 1990 година. До него се пристапува преку железна врата, а куќата е направена од камен.

На првиот кат има голем ходник, семејна соба, просторија за подготвување, кујна, трпезарија, дневна соба и бања, како и просторија за складирање.

Кујната/трпезаријата има доволно простор за сто и четири столици, како и за сите потребни елементи.

 

 

Салата за цртање е поврзана со просторијата за релаксирање, дружење и уживање во сонцето, а има и двојна врата која води кон градината.

На вториот кат има пет спални соби и бања, а една од тие простории е главната и има пет големи прозорци кои овозможуваат многу светлина. Исто така, постои голема бања со пристап до балконот. Еедна од просториите се користи за работа и како студио.

 

 

Третиот кат е поткровје, може да се користи како спална соба, како работна просторија или нешто друго. Од балконот може да се ужива во зеленилото што ја опкружува куќата, а не треба да се заборават и големите гаражи и работилницата.

Во визбата со вина има стотици шишиња вино.

Имотот чини 1.450.000 фунти, пишува Mirror.

 

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.