Забава

Името е поврзано со вашиот изглед

 

Името е поврзано со вашиот изглед повеќе отколку што мислите. Нашите имиња не се само комбинација на букви кои нè разликуваат, туку во голема мера се носители на нашиот идентитет. Што е уште поважно, тие можат да влијаат на одредени аспекти од нашиот живот.

Во едно психолошко истражување било утврдено дека името има влијание и на нашиот изглед. Една француска студија објавена во Журналот за личност и социјална психологија, покажала дека постои поврзаност помеѓу името и физичкиот изглед. На учесниците во истражувањето им биле покажани фотографии од непознати лица, а тие имале задача да им дадат имиња само врз основа на нивниот изглед.

На пример, на испитаници од Северна Америка им била покажана слика на жена, за која навеле четири имиња што можат да ги изберат. Иако шансите да го погодат вистинското име биле само 25%, резултатите покажале дека повеќе од половина од испитаниците го дале точниот одговор.

Теоријата зад овој заклучок е дека сите имиња подлежат на одредени стереотипи кои влијаат на нашето однесување, а со тоа и на нашиот впечаток за луѓето. Односот помеѓу името и стереотипот зависи од социјалната средина. Тоа го потврдува и фактот што повеќето од испитаниците правилно го поврзале името со личноста на фотографијата, но само во ситуација кога луѓето припаѓаат на иста култура.

Можеби ќе ве интересира

Поврзаност на играта Fortnite со разводите

admin

Најдобрите “street art” во светот

admin

Што се случува со автомобилските гуми кога ќе ги наполните со вода

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.